X
 17.08.2015 Живот

Неделна временска прогноза - Какво време не` очекува во наредните денови?

Во Македонија во понеделник во раните утрински часови и во претпладневните часови услови за локални врнежи од дожд ќе има во североисточните, источните и крајните западни предели. Во попладневните часови разведрување на времето. Ќе дува доумерен засилен ветер југозападен и западен ветер во западните предели, каде понекаде ќе достигне брзина и до 35 км/ч, а во останатите предели ќе дува доумерен северозападен ветер.

Утринските температури од 12 до 22 степени додека пак максималните дневни ќе достигнат до 22 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во понеделник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне разведрување и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна ќе достигне до 31 степен. УВ индекс 7.

Втoрник ќе го започнеме со посвежо утро и утрински температури од 9 до 19 степени. Во текот на денот претежно сончево и топло. Максималната дневна температура до 23 односно до 35 степени.

Претежно сончево но и потопло ќе биде во среда, максималните температури ќе достигнат до 24 односно до 36 степени.

Во четврток и петок умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Со напомена дека во четврток во југозападните предели врнежите ќе изостанат. Максималните дневни температури од 23 до 34 степени во четврток, додека пак во петок температурите ќе опаднат на максимални 20 односно 31 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот