X
 21.03.2017 Живот

Временска прогноза за наредните пет дена



Денес е вторник, 21 март 2017 година, 80-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:31, а ќе зајде во 17:50 часот. Денот ќе трае 12 часа и 19 минути.

Во првото календарско пролетно утро имаме претежно ведро и топло утро

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија по пролетното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и доста топло за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринските температури од 0 до 9 степени, додека пак максимални температури кои ќе бидат високо над просекот за овој период од годината и ќе достигнат до 15 односно до 25 степени, температури кои што се и за 8 до 10 степени над просечните.

СКОПЈЕ - Во Скопје претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Македонија и во наредните денови ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на топла воздушна маса од југ кои што ќе условат претежно сончево и надпросечно топло време. Во среда утринските температури од 2 до 9 степени, а во текот на денот сончево и дневни температури од 15 до 25 степени. Во четврток претежно сончево и топло време, попладне зголемување на облачноста. Минималните температури од 3 до 10 степени, додека пак максималните дневни од 16 до 26 степени. Во петок и сабота претежно сончево и топло време со речиси идентични температури, минималните од 5 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот