Заврши мирниот протест пред Собранието на Република Македонија, а демонстрантите полека се разотидоа.
Професорскиот пленум упати повик до граѓаните и студентите да им се приклучат вечер во 19 часот „за да го погребаат местото на злосторството“, мислејќи на парламентот, каде симболично со свеќи во раката ќе го погребаат високото образование.
Законските измени, нагласија од Студентскиот пленум, се ништо друго освен убивање на автономијата и на демократијата.
Народните избраници не не’ претставуваат и ние ќе мора да преминеме, ќе бидеме принудени да примениме секакви институционални и вонинстиуционални методи во наредниот период, бидејќи сметаме дека така ќе бидеме слушнати, рече Бојан Матовски од Студентскиот пленум.
Во меѓувреме започна седницата на чиј дневен ред е гласањето на измените во Законот за високо образование којпред пратениците е во финална фаза.