X
 14.02.2015 Образование

Студентите од техничките факултети без парно

Денес на техничките факултети помирно. Има храна, кафе и пијалоци, иако има малку кашкавал и малку пластичен прибор за јадење. Најголем проблем претставува парното. Го нема!


Викенд е, а очигледно за викенд не се живее. Барем не на факултетите. Студентите кои веќе трет ден живеат овде се соочуваат со проблем кога се работи за парното. Имено, тоа не е уклучено и не било уклучено цел ден.

Со јакни и шалчиња, студентите сепак успеаја да склопат цела програма со активности и да се придружуваат на неа. Има предавања кои се интересни за студентите од областа на технологијата, но се зборува и за Скопје.

Програмата за денес изгледа вака:



Секој кој сака може да помогне со донација, но побитна е поддршката. Дојдете и поздравете ги!

За утре е најавен состанок со ректорот на кој ќе се дискутира за барањата од страна на студентите.


Ние сме таму и известуваме во живо на „Твитер“. Следете не' ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование