X
 26.03.2015 Живот

Времето денес... Временска прогноза за наредните 5 дена

Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд.
Во утринските часови со услови за сончеви периоди. Претпладне облачноста ќе се зголемува и во попладневните и вечерните часови ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и топло.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Понекаде во западните предели се очекува да дува умерен источен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринските температури од 7 степени, а максималната дневна температура до 14 степени

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Нестабилното време со врнежи од дожд ќе продолжи во петок и сабота. Во петок врнежите ќе ги има во текот на целиот ден, додека во сабота ќе ги имаме во претпладневните часови. Минималните температури од 2 до 12 степени, додека пак дневните ќе се движат од 5 до 18 степени.

Вториот ден од викендот ќе ни донесе стабилизација на времето. Во недела претпладне ќе биде претежно облачно, попладне намалување на облачноста и разведрување. Утринските температури од 2 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.

Во понеделник благ пад на утринските температури кои ќе се движат од 0 до 8 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на дневните температури кои ќе достигнат до 10 односно до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот