Во четврток во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните, југозападните и јужните предели, каде што локално можно е да има и појава на поплави. Локално се очекуваат да наврнат од 30 до 40 литри дожд на метар квадратен.
Ќе дува доумерен југоисточен и источен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 10 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 13 до 22 степени.
Во Скопје во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Во Скопје се очекува да наврнат околу 30-35 литри дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 20 степени.
Нестабилно време се очекува во петок, но врнежите ќе бидат локални и со многу мало количество. Во текот на денот можни се и повремени сончеви периоди. Утринските температури од 11 до 19 степени, а максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе се движат од 18 до 27 степени.
Од сабота се очекува стабилизација на времето, па во наредните 3 дена не очекува претежно сончево и потопло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота максималните темпертури ќе се движат од 19 до 28 степени, во недела од 21 до 31, додека во понеделник тие ќе достигнат до 22 односно до 32 степени.
Weather4all.com.mk