X
 10.12.2015 Живот

Времето денес и прогноза за наредните пет дена

Во четврток во Македонија се очекува продор на студена воздушна маса од север, со која пристига и засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе ја растера маглата што ја имавме изминатите денови. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и ветровито. Во претпладневните часови усови за сончеви периоди ќе има во југозападните и јужните предели. Утринските температури од -4 до 3 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 11 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно облачно, ветровито и студено. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 6 степени.

Во Македонија петок умерено облачно и ветровито време. Максималните температури ќе се движат од 3 до 11 степени. Во деновите од викендот не очекуваат студени утра со утрински температури од -8 до 1 степен. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло со пораст на максималните температури, во сабота од 6 до 14 степени, а во недела од 7 до 16 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 5 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот