Кога зборувате за центарот на светот дали мислите на светот како сфера чиј центар е нејзиното јадро? Или мислите на површината на таа сфера чиј центар е некаде кадешто може да отидеме со возило? Првиот концепт го оставаме на научниците. Кога се работи за втората идеја, треба да знаете дека постои едно место на светот наречено „Центарот на светот“.
Истото се наоѓа во Фелисити, мал град во Калифорнија. Државата, како и француската влада го признаваат местото како официјален центар на светот.
На местото има пирамида изградена по нарачка на Жак-Андре Истел, основачот на градот. Секој посетител добива и сертификат потпишан од Истел.
Градот постои од 1986 година, бил основан според детска книга за центарот на светот напишана од Истел, а името го добил според сопругата на Истел, Фелиша.
Само двајца жители живеат во овој град, г-ин и г-ѓа Истел, но тука има повеќе атракции за туристите.
Планот на Истел е да постави 100 споменици во гратчето. Засега му оди добро. Се прашуваме дали тој бил во Скопје во последниве години?