X
 25.09.2017 Живот

Ова е најлесниот начин да го добиете најдоброто место во авионот

седиште

Згрчени нозе и седење рамо до рамо со странци се некои работи поради кои многу луѓе не сакаат да летаат со авион. За среќа, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да го изберете идеалното седиште, без разлика дали сакате удобност, добар поглед или заштеда на парите.

Ако сте нервозен патник

Авиокомпаниите ќе ви кажат дека летањето е доста безбедна форма на превоз - и статистиката го покажува истото.

Сепак, ако дополнително сакате да ја зголемите вашата безбедност, треба да имате на ум дека истражување од 2007 година покажало дека најбезбедните седишта се оние што се наоѓаат во задниот дел од авионот. Патниците што седат одзади имаат за 40 отсто поголеми шанси да ја преживеат авионската несреќа од луѓето што седат во првиот ред.

Ако сакате да заштедите пари

Веб-страницата за споредување на цената на летовите „Мomondo“ ја нуди бесплатната алатка наречена „Flight Insight“, која ги следи најевтините летови.

Истражувањата покажуваат дека цените на картите во просек се најевтини 53 дена пред полетувањето на авионот. Доколку купите карти во последната минута, избегнувајте резервација три дена пред полетувањето со оглед на тоа што понудите тогаш се најскапи.

Истражувањата исто така покажуваат дека картите во просек се најевтини во вторник, а најскапи во петок.

Ако сакате седиште до прозорецот

Алатките за тревога, како што е „Expert Flyer“, ве известуваат кога е слободно место до прозорецот или патеката. Можете и да направите потсетник што ќе ви овозможи да го изберете вашето омилено место пред другите патници.

Во секој случај, доколку се одлучите за рана резервација, ќе имате повеќе опции („TripAdvisor Flights“ наведува дека резервациите обично почнуваат 335 дена пред полетувањето на авионот).

Ако сакате повеќе од едно седиште

Ако не сакате да седите во близина на луѓе или деца, едноставно прашајте дали можете да го добиете местото покрај кое се наоѓа празно седиште. Иако се чини сомнително, овој предлог често успева.

Ако патувате со некој, резервирајте го седиштето до патеката и седиштето до прозорецот. Седиштето во средина е едно од најомразените, така што постои голема веројатност дека тука нема да седи никој.

Ако сакате повеќе простор за нозете

Веб-страниците како „Seat Expert“ и „Seat Guru“ ви помагаат да пронајдете најудобни седишта. Доколку пребарувањето не даде резултати, третата најдобра опција е седиштето до патеката.

Ако сакате мирен лет


Доколку не сте љубител на турбуленциите, треба да изберете поголем авион бидејќи тие летаат на поголема висина, избегнувајќи наплив на ветрови во пониски слоеви на атмосферата. Другата опција би била резервација на картата за седиште до крилото на авионот - оваа зона наводно е една од најстабилните во авионот.

Ако сакате мирен сон во текот на летот


Држете се до средината на авионот. Не само што постојат помали шанси да ве пробуди турбуленцијата туку и нема да морате да слушате како се туркаат за ред во веце.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот