Ако сакате да бидете платени за да јадете чоколада, тогаш време е да го испратите вашето CV.
„Mondelez International“, компанијата за храна и пијалоци која ги поседува брендовите како „Орео“ и „Милка“, бара професионален тестер на чоколадо за да се приклучи во нивниот тим во Велика Британија.
За работното место се бара „страст за слаткарски производи и добри рецептори за вкус“. Но, за оваа професија е потребно многу повеќе отколку јадење чоколатчиња. Оној кој ќе ја добие позицијата ќе и помага на компанијата во лансирањето на новите производи ширум светот, што значи дека треба да биде комуникативна личност, ентузијаст и да има познавања од маркетинг.
За сега работата е опишана како позиција за половина работно време, со работење од 7.5 часа неделно, од вторник до четврток од 12 часот и 15 минути до 14 часот и 45 минути.
Ако мислите дека сте совршениот кандидат аплицирајте на овој
линк.