Четврток ќе го започнеме со малку пониски температури во споредба со они кои што ги имавме последните денови. Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени.
Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и западен ветер.
Максималните температури ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.
Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени.
Во петок утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, над 800 метри со врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престануваат и постепено разведрување. Утринскитете ќе се движат од -1 до 7 степени, а дневните од 6 до 15 степени.
Во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста. Минималните температури од -3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.
Во недела дестабилизација, ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Не се очекуваат поинтензивни врнежи. Утринските температури од 1 до 8 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 7 до 16.
Нестабилно ќе биде и во понеделник. Минимални температури од 2 до 9 степени, а дневните од 5 до 14 степени.
Weather4all.com.mk