Денес е понеделник, 19 февруари 2018 година, 50-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:19, а ќе зајде во 17:15 часот. Денот ќе трае 10
часа и 56 минути.
Ова утро во Македонија имаме претежно облачно време со слаби врнежи од
дожд и ветровито време. Врнежи од снег со слаб интензитет имаме на
Попова Шапка, Стража, Маврово и Македонски Брод.
МАКЕДОНИЈА – Облачното време со врнежи од дожд кој што ја зафати
Македонија во текот на ноќта недела кон понеделник ќе продолжи и денес
во текот на целиот ден. Треба да се напомене дека не се очекуваат
интензивни врнежи од дожд, туку врнежите ќе бидат од слаб карактер,
локално се очекуваат и да наврнат до 10-12 литри дожд. На планините над
900 метри со слаби врнежи од снег. Во утринските и претпладневните
часови слаб северозападен и североисточен ветер, кој што во текот на
денот ќе го променува правецот и ќе дува доумерен јужен и југоисточен
ветер. Минималните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 0 до
7 степени, додека пак максималните дневни од 1 до 11 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес облачно и нестабилно време со слаби врнежи од
дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер.
Утринската температура од 4 степени, додека пак максималната дневна до 7
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник и среда под влијание на Медитенаски
циклон ќе продолжи нестаоблачно време со врнежи од дожд, а над 1200
метри со врнежи од снег. Температурите без некоја позначајна промена ,
утринските од -1 до 6 односно од 0 до 7 степени, додека пак максималните
дневни од 1 до 11 односно од 3 до 13 степени. Во четврток претежно
облачно и потопло време со благ пораст на температурите, утринските од 1
до 8 степени, додека пак дневните ќе достигнат до 5 односно до 15
степени. Во петок во Македонија облачно време со врнежи од дожд и
посвежо со пад на дневните температури. Над 1200 метри се очекуваат
слаби врнежи од снег. Максималните дневни температури од 3 до 13
степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во вторник и среда облачно време со слаби и
локални врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер.
Утринската температура од 4 односно 5 степени, додека пак максималната
дневна до 7 односно до 9 степени. Во четврток претежно облачно и топло
време за овој период од годината со дневна температура до 11 степени. Во
петок облачно време со слаби врнежи од дожд и максимални 9 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот на сите
мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и
количеството на штетните честички насекаде е во границите на
дозволеното.
Во изминатите 24 часа количеството на штетни пм 10 честички во Скопје се
движеа во интервал од 215 до 85 микрограми на метар кубен (Миладиновци
215, Гази Баба 174, Лисиче 158 микрограми на метар кубен, Ректорат 135,
Центар 87, Карпош 85 микрограми на метар кубен). Во останатите градови
податоците се следни: Гостивар 298, Струмица 260, Битола 179 микрограми
на метар кубен, Куманово 149, Тетово и Кичево 144 микрограми на метар
кубен.
Weather4all.com.mk