Денес е среда, 20 септември 2017 година, 263-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:13, а ќе зајде во 18:39 часот. Денот ќе трае 12
часа и 26 минути.
Во утринските часови имаме претежно сончево време со појава на локална
облачност, а зголемена облачност имаме во крајните западни предели.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови
ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност која што ќе биде
повеќе изразена во западните предели. Попладне зголемување на облачноста
која што во крајните западни и северозападни како и во североисточните
предели ќе услови локални врнежи од дожд. Се работи за сосема слаби
врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен ветер кој ќе достигне
брзина и до 20 км/ч во западните предели. Утринските температури од 6
до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат
до 17 односно до 31 степен.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со појава на локална
облачност, ветровито и посвежо време. Попладне се очекува зголемување на
облачноста. Утринската температура од 13 степени, додека пак
максималната дневна ќе достигне до 27 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток умерено облачно и нестабилно време со
врнежи од дожд, ветровито и свежо време со осетен пад на дневните
температури. Врнежите од дожд се очекува да изостанат во југоисточните
предели. Утринските температури од 3 до 12 степени, додека пак
максималните дневни од 11 до 24 степени. Во петок умерено облачно време
со повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло време со дневни
температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 26 степени. Во
сабота и недела по свежото утро со утрински температури кои што ќе се
движат во интервал од 2 до 11 односно од 2 до 10 степени, во текот на
денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло
време со температури од 14 до 27 степени во сабота, односно од 16 до 29
степени во недела.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток умерено облачно време , а во
попладневните и вечерните часови со услови за локални врнежи од дожд,
ветровито и свежо време со максимални 20 степени. Во петок умерено
облачно време со сончеви периоди и дневна температура до 22 степени. Во
сабота и недела свежо утро со утринска температура од 9 односно 8
степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на
локална облачност и потопло време со максимални 23 односно 25 степени.
Weather4all.com.mk