Наредниот пат кога ќе избришете убава фотографија нема потреба од кршење монитори, столчиња или телефони. Постојат алатки со кои може да ги вратите изгубените документи на вашиот компјутер.
„Recuva“
Овој програм е лесен за користење. Со едноставно скенирање тој ќе ви ги пронајде изгубените фотографии, песни и документи.
„Test Disk Data Recovery“
Ова е апликација која нуди повеќе методи за наоѓање избришани или изгубени податоци. Со неа може и да поправате грешки кои го спречуваат вклучувањето или исклучувањето на компјутерот итн.
„Pandora Recovery“
Оваа алатка е корисна за многу формати на документи. Наоѓањето е лесно и ефикасно бидејќи се врши со скенирање.
„Lazesoft Windows Data Recovery Free“
Освен што ќе ги најде избришаните или изгубените документи, оваа алатка ќе се погриши да ги заштити овие документи подобро за иднина. Што ви е потребно повеќе?
„EaseUS Data Recovery Wizard Free“
Ова е една од најпопуларните алатки за враќање на загубени податоци. Со моќни методи таа е способна за наоѓање изгубени документи за секунди.