X
 03.05.2017 Технологија

Што треба да знаете за новиот „Microsoft 10 S“?

виндоус
Фото: Microsoft

„Windows 10 S“ ќе биде новиот лесен оперативен систем на „Microsoft“. Зошто „лесен“? Затоа што ќе биде поевтин и помалку интензивен за процесорот отколку „Windows 10 Home“ или „Windows 10 Pro“, верзии кои најчесто се користат за лап топи и десктоп компјутери.

Што го прави овој оперативен систем лесен?

Има помалку програми кои работат во позадина. Според „Microsoft“, лап топ кој работи на „Microsoft 10 S“ е за 15 секунди побрз од идентичен лап топ кој работи на „Windows 10 Pro“.

Потенцијални корисници

Ако сте ученик или работите во образовна институција, ова се одлични вести за вас бидејќи полесно ќе го стандардизирате користењето на компјутерот. Но, ако не работите во ваква институција, тогаш овој оперативен систем и не е баш за вас. Но, уште ништо не се знае сè додека оперативниот систем не започне да се користи.

Дали „Microsoft“ направил и претходно ваков лесен оперативен систем?


Да. „Windows 10 S“ не е првиот обид за лесен оперативен систем. Во 2011 година, „Microsoft“ го претстави „Windows RT“, мобилна верзија од „Windows 8“. За жал, овој оперативен систем беше прилично ограничен, а најголем проблем беа апликациите бидејќи корисниците не можеа да користат постари апликации ако не беше ажуриран за „Windows Store“. А „Windows Store“ беше прилично лош бидејќи често наплаќаше за апликации кои инаку би биле бесплатни на друг уред. Исто така, „RT“ заземаше многу голем простор на лап топите, па така многу корисници имаа само 16 гигабајти простор на 32 гигабајти драјв.

Разликата меѓу „Windows 10 S“ и „Windows RT“


Се чини дека „Windows 10 S“ позајми неколку идеи од неговите претходници. Тоа значи дека апликациите може да доаѓаат само од „Windows Store“, но добрите вести се тоа што „Windows Store“ е прилично подобрен од 2014 година.

„Microsoft“ тврди дека чекорот со „Windows Store“ го презел заради безбедноста. Со ограничување на инсталирањата на производи само од продавницата, мала е веројатноста компјутерот да се инфицира со вирус. Тоа е добро ако „Windows 10 S“ е инсталиран на компјутери кои го користат деца кои не знаат како да пребаруваат безбедно.

За останатите е голема фрустрација. Иако продавницата сега има корисни апликации како „Microsoft Office“ и „Adobe Photoshop Express“, сепак нема многу други големи апликации - како „Chrome“.

На кои системи ќе биде достапен?


На неколку поевтини лап топи од поголеми компјутерски произведувачи како „Dell“, „HP“ и „Acer“. Најевтиниот лаптоп ќе биде 189 долари.

Кога ќе биде достапен?


Се очекува да биде лансиран ова лето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија