Веро центар по повод Велигденските празници ќе понуди содржини и активности со кои ќе ги забавува и развеселува потрошувачите и ќе придонесе за уште по празнична и повесела атмосфера за сите.
Ги охрабруваме сите потрошувачи да ја покажат својата креативност и да го донесат најубавото декорирано јајце во Веро центарот.
Донесете го вашето уникатно јајце и поставете го на полицата наменета за изложување на велигденски јајца во Веро центарот од 6 април до 14 април.
Изборот на најубаво велигденско јајце ќе биде објавено на официјалната
Facebook страна на Веро центар. Првите 3 (три) највелигденски јајца со најмногу лајкови ќе добијат:
- Фотографијата со најмногу лајкови ќе биде добитник на патување за двајца на Халкидики
- Втората фотографија со најмногу лајкови ќе добие ВЕРО ваучер во вредност од 3000 ден.
- Третата фотографија со најмногу лајкови ќе добие ВЕРО ваучер во вредност од 2000 ден.
Победникот ќе биде објавен на 15 Април во 12 часот на Facebook страната на Веро центар
Дојдете да се забавуваме по повод велигденските празници во Веро центар во петок 10.04 и сабота 11.04 со почеток од 11 часот.
Тимот од Веро центар за сите потрошувачи ќе понуди супер велигденска забавна програма за најмладите и супер пазарна понуда за сите потрошувачи.
Се трудиме секогаш да бидеме ваш прв избор со најдобри услови за пазарење, во опкружување на услужливи и мотивирани вработени и со понуда на нашите полици која ќе го подобри квалитетот на животот на секој наш посетител. Од срце во го честитаме празникот Велигден и ви посакуваме здравје, благосостојба и долговечност вам и вашите најмили – изјави генералниот директор на Веро, г. Костас Теодосијадис
ВЕРО – СУПЕР ЗА ВЕЛИГДЕН