Велигденските огнови се традиција поврзана со Велигден која многу повеќе се практикувала во минатото.
Ако сакате да запалите велигденски оган во вашата градина во Германија, ќе мора да се распрашате и да се организирате бидејќи во случај да не ги почитувате правилата, може да бидете казнети и до 5.000 евра.
Во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија не се дозволени велигденски огнови во приватни градини. Оваа одлука ја донел судот во 2004 година.
Според германските медиуми, велигденските огнови може да се организираат само на Велипеток, Велигден (недела) и понеделник.
Традиционалните огнови
мора да бидат регистрирани во општината најмалку 14 дена пред датумот на настанот. Организаторите треба да ја известат и локалната противпожарна служба.
Ако не ги исполнувате условите и барањата, може да ве казнат до 5.000 евра.
Во Северна Рајна-Вестфалија, од 2018 година, велигденски огнови се дозволени само во Диселдорф.
Но, дали воопшто може да се забрани палење оган на сопствен имот? Доколку не е традиционален оган, важат други правила, кои може да се разликуваат од општина до општина.
Во принцип, важи тоа дека за камперски оган е потребна посебна дозвола.
Кога станува збор за палење оган во специјализирани контејнери, големината и горивото се клучни.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik