X
 15.04.2017 Култура

Потеклото на велигденските традиции

Со доаѓањето на Велигден доаѓа и традицијата на бојадисување јајца и декорирање на домот во духот на овој празник. Но, од каде потекнуваат овие пагански ритуали и стари суеверија?

1. Бојадисување велигденски јајца

Традицијата на украсување и бојадисување на јајца потекнува од античките пагани. Можете да претпоставите зошто јајцето се поврзува со овој празник - тоа претставува повторно раѓање и живот. За да се прослави новото годишно време, луѓето обојувале јајца и им ги давале на пријателите и семејството како подароци.

Кога дошле христијаните, тие ја презеле традицијата и ја вметнале во нивните прослави. Според некои легенди, Марија Магдалена е одговорна за бојадисување на јајцата. Таа носела јајце со себе кога Исус бил распнат. Неговата крв паднала на јајцето со што го обоила црвено. Друга приказна раскажува дека Марија Магдалена со себе носела кошничка со варени јајца за да ги подели на другите жени на гробот на Исус три дена после неговата смрт. Кога тие го тргнале каменот и откриле дека гробот е празен, јајцата станале црвени.

2. Велигденско зајаче


На прво поглед тешко е да се замисли каква врска има еден голем зајак со религиозен празник. Но, се смета дека традицијата датира повторно од паганците. Тие ја прославувале божицата на плодноста Еостре - а токму плодноста се она по кое се познати зајаците. Па така, германските имигранти ја донеле со себе оваа традиција во Америка.

3. Празни чоколадни зајачиња

Сега кога Велгиден се поврзува со зајаци, малите чоколадни зајачиња имаат смисла. Но, зошто тие се празни? Според компанијата „Palmer“, една од најстарите која произведува вакви зајачиња, причината позади која зајаците се празни е тоа што тие се грижат за вашите заби. „Ако имаше полни чоколадни зајаци, со тврдо чоколадо, тоа би било како да каснувате тула, па ќе си ги скршевте забите“, вели Марк Шолт, извршен потпретседател.

4. Велигденски кошници

Велигденските кошници, особено оние со лажна трева, изгледаат како гнездо. Германската традиција вели дека децата ги обликувале гнездата и ставале обоени јајца за да ги охрабрат митските зајачиња да дојдат во нивните куќи. Со текот на времето гнездата станале кошници.

5. Кршење со јајца

Сите знаеме како функционира кршењето со јајца, но малку луѓе знаат дека оваа традиција потекнува од средновековна Европа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура