Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди, потопло и ветровито.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.
Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 10 степени.
Петок и сабота ќе биде сончево и топло. Слаб ветер. Утринските температури од -2 до 8 степени, а дневните температури ќе достигнат до 11 односно до 22 степени.
Во недела претежно сончево со локална облачност и топло.
Во понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Минималните температури од 2 до 11 степени, а максималните ќе се движат во интервал од 12 до 21 степен.
Weather4all.com.mk