Денес е вторник, 4 април 2017 година, 94-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:07, а ќе зајде во 19:05 часот. Денот ќе трае 12 часа и 58
минути.
Ова утро во Македонија имаме многу потопло утро во однос на вчерашното,
пред се поради облачноста која што ја имавме во текот на ноќта, како и
во овие утрински часови, па така ова утро имаме претежно облачно и топло
време. Во Охридско-Преспанскиот регион ова утро има врнежи од дожд.
МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе биде претежно облачно, свежо и
нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време, а во
југоисточните предели со повремени сончеви периоди. На планинските
предели над 1800 метри постојат услови за провејување на слаб снег. Ќе
дува доумерен засилен југоисточен и источен ветер кој ќе достигне брзина
и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1 до 9 степени,
додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 7
односно до 17 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно облачно време со повремени врнежи од
дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер.
Утринската температура од 8 степени, додека пак максималната дневна ќе
достигне до 14 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда и во четврток ќе продолжи умерено облачното
и нестабилно време со локални врнежи од дожд и посвежо време со
максиамлни температури кои ќе се движат од 10 до 20 степени. Во петок
умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со
температури кои ќе се движат од 8 до 18 степени, попладне во западните
предели со услови за слаби врнежи од дожд. Во сабота стабилизација на
времето, по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со
локална облачност и топло време со максимални 11 односно 21 степен.
Weather4all.com.mk