X
 02.03.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на работната недела?

Во Македонија во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне зголемување на облачноста.

Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.

Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -1 до 6 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 15 степени

Во вторник во утринските и претпладневните часови со услови за слаби локални врнежи од дожд претежно во северните, западните и северозападните предели. Во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Минималните температури од 1 до 8 степени, а максималните до 6 односно до 16 степени.

Во среда ќе биде претежно облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринските температури од 0 до 7 степени, а дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.

Нестабилно со врнежи од дожд ќе биде и во четврток. На планините со врнежи од снег. Утринските температури од 2 до 9 степени, а максималните дневни ќе се движат во интервал од 4 до 14 степени.

Во петок нестабилно со врнежи од дожд, а над 500 метри со врнежи од снег. Во текот на вечерните часови и во текот на ноќта врнежите од снег ќе се спуштат и на пониските предели. Утринските температури од -2 до 5 степени, а дневните температури ќе достигнат до -1 односно до 9 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот