Хенк Грин и неговиот брат Џон го основале каналот на „You Tube“ наречен „vlogbrothers“ како самостоен проект во јануари 2007 година. Оттогаш тие станаа славни во целиот свет и беа иницијатори на други познати проекти како образовните канали „Crash Course“ и „SciShow“, како и онлајн видео конференцијата „VidCon“.
Хенк и Џон денес се водители на повеќе канали и имаат речиси 10 милиони претплатници. Во јануари, Хенк беше одбран да му направи интервју на претседателот на САД, Барак Обама.
Како тој стана еден од највлијателните едукатори во светот? Ова е неговата приказна.