X
 16.04.2016 Технологија

Како "Facebook live" ќе ја замени телевизијата во живо

„Cheddar“ е првата стартап компанија која има високи надежи за видеата во живо на „Facebook“ како следната сензација на интернет.

 

фб


Оваа компанија е основана од страна на Џон Стајнберг, кој претходно работел како оперативен директор и претседател на „BuzzFeed“. Ова е првата медиумска операција која е фокусирана на бизнис и емитува во живо пет дена во неделата до еден час. До крајот на годината планира тој еден час да биде проширен на осум.

Содржината ќе се појави на голем број платформи освен на „Facebook“, но јасно е дека Стајнберг ја гледа оваа социјална мрежа и особено нејзината платформа во живо како почетокот на крајот на телевизијата.

„Ова ќе ја замени телевизијата во живо. Мислам дека ова е животна шанса за нова забава“, вели Станјберг.

 

1


Најпрво „Facebook“ ги натера издавачите да ги прифатат брендираните страни и апликациите за социјално читање. Подоцна дојде акцентот на визуелните елементи. Неодамна, најпознат тренд беше „Instant Articles“ и „in-feed“ видеата.

Овој месец се видеата во живо.

Никој не се сомнева во силата на „Facebook“ како главен играч. Неговата публика и најважно, неговата подготвеност да го контролира она што ќе и` го покаже на публиката се единствени. Цукербер може еден ден да одлучи дека интерпретивниот танц е начин на иднината, па медиумските компании ќе мораат барем да се обидат.

Кога Цукерберг на конференцијата „F8“ објави дека видеата во живо не само што се приоритет, туку сега се и отворени за било кое видео во живо, овој факт беше примен со мешавина од претпазлив оптимизам. Во разговор со различни медиумски уредници, пораката беше: „Да, инвестираме во ова, но се надеваме дека има план“.

Но, се чини дека повеќето ТВ компании би избегнале појавување на „Facebook“ во живо.

„Нема да има CNN TV на „Facebook“, вели Ендру Морс, генерален менаџер на „CNN Digital Worldwide“. „Мислам дека е интересна можност, но не го гледам како можност за емитување на телевизија“, вели тој.

Што се однесува до популарноста на интернет, првиот вистински вирален хит доаѓа од „BuzzFeed“ со видеото со лубеници. Прикажувањето во живо имаше повеќе од 750.000 моментални гледачи, а сега има повеќе од 10 милиони прегледи. Ова е нешто што за публиката е тешко да се игнорира. А ако има публика, тогаш вима компании и личности кои се и повеќе од спремни да го испробаат.

 


„Можеби корените на „Facebook“ се социјална мрежа, меѓутоа компанијата се стреми да биде медиумска и комуникациска компанија“, вели Џесика Лиу, постар аналитичар во „Forrester“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија