„The well of being“ е извонредна „детска книга за возрасни“ од Жан Пијер Веил која навлегува во длабочините на човечкото искуство и ја истражува смислата на нашето постоење, пратејќи ги приказните кои си ги кажуваме себеси за да ја прикриеме вистината за нашата личност.
Не подлегнувајќи ниту на религиозноста, ниту на науката, ниту на митот, ниту на материјализмот, Веил танцува низ Биг Бенг и низ учењето на италијанскиот филозофер и мистик Рамчал, низ еволуцијата, 9/11 и животот во поетска и филозофска димензија. Тој ја раскажува лирската приказна за еден човек - едно андрогено суштество кое ја претставува секоја жена и секој маж, движејќи се од потеклото на универзумот па се` до збунетоста на мистеријата да се биде жив. Во центарот на сето тоа е единството на животот и поврзаноста на универзумот.
Она што произлегува од етеричните бои и волшебни зборови е прекрасен поттик да се разбудиме од трансот на секојдневните околности и да започнеме да живееме со отворено срце.
„Гледам дека читаш. Со оглед на тоа што возот доцни, дозволи да те однесам на патување до еднот место кое отсекогаш сме го сакале. Барам од тебе едно нешто: со себе понеси го вниманието на твоите мисли, а оние кои те вознемируваат додека читаш, замолчи ги“.
„Нашето постоење не е случајност туку мистерија. Можеме да и` се довериме на оваа мистерија, бидејќи сме дел од неа. Всушност, ние сме таа мистерија“.