X
 03.08.2019 Култура

Конечно решена мистеријата зад една од последните сцени на „Игра на троновите“

Она што ги збуни гледачите на крајот од последната сезона, беше кога змејот Дрогон го стопи Железниот трон фрлајќи оган откако дозна дека неговата мајка (Денерис Таргариен) е мртва.

Иако многу фанови беа разочарани од последната сезона и имаше доста негативни критики на социјалните мрежи, сите беа заинтересирани дали змејот намерно го стопи Железниот престол.

Прашањето зошто Дрогон го стопи престолот и дали тоа го направи намерно (самиот автор на книгите „Песна за мраз и оган“ ги опишува змејовите како високо интелигентни суштества), конечно доби одговор со објавувањето на сценариото на последната епизода.

Како што излегува, Дрогон сепак немал намера да го уништи тронот. Според сценариото, тоа било сосем случајно. Сценариото, потпишано од Дејвид Бениоф и Д.Б.Вајс детално опишува како Дрогон го затекнува Џон Сноу над мртвата Денерис. Во тој момент, змејот збеснува и почнува да фрла оган насекаде околу себе.

Во тој момент откриваме дека Дрогон сака да го запали цел свет, но не сака да го убие Џон. Наместо тоа, според сценариото, почнува да исфрла оган наоколу, а во близина е Железниот престол.

Во сценариото се наведува дека престолот не е на мета на бесниот змеј, но дека му се нашол на пат. Така, змејот воопшто немал намера да го уништи престолот и тоа го направил сосема случајно.

Но, иако Дрогон немал намера да го уништи, сценаристите сакале на еден симболичен начин да биде уништен симболот за најголема моќ во Вестерос и со тоа да се заврши „Игра на троновите“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура