Кислородот е неопхoдна молекула која овозможува живот на речиси сите видови на организми на оваа планета освен некои видови организми кои живеат во анаеробни услови. Тој влегува во процесот на оксидација на органските молекули. Доколку тој не е присутен биохемиските реакции не можат да се одвиваат докрај.
Дрвјата се произведувачи на кислород. Тие во процесот на фотосинтеза го апсорбираат јаглерод диоксидот од атмосферата и го разделуваат јаглеродот од кислород. Растенијата потоа јаглеродот го користат за да создадат други соединенија, а пак вишокот кислород го испуштаат во атмосферата. На овој начин овој циклус постојано се одржува и кислородот кружи во атмосферата.
Амазонските прашуми се најголемите произведувачи на кислород на светот. Но и покрај големиот број на растенија кои постојат на светот и количеството на кислород кои го ослободуваат сепак тие не се најголемите производители на кислород. Всушност најголеми производители на кислород се
фитопланктоните.
Тие се вид на алги кои се многу мали и живеат во светските води. Тие се хранат на ист начин како и растенијата и на ист начин го ослободуваат кислородот. Некои испитувања укажуваат дури 85 посто од кислородот е дело на фитопланктоните. Овие мали организми ги снабдуваат со кислород сите животни без разлика дали тие живеат на копно или во вода.