X
 05.02.2019 Живот

Рушење на Гинисовиот рекорд: 1,5 милион волонтери засадија 66 милиони дрвја за само 12 часа

Централната индиска држава Мадја Прадеш постави нов Гинисов светски рекорд во неделата, откако 1,5 милион волонтери засадија повеќе од 66 милиони дрвја за само 12 часа, покрај реката Нармада.

Со ова, волонтерите го срушија претходно поставениот рекорд од државата Утар Прадеш, кога 800.000 учесници засадиле 50 милиони дрвца во еден ден, во јули 2016 година.

Шиврај Синг Коујан, премиер на Мадја Прадеш, изјави дека е горд со постигнатото.

засадување

- Јас сум исклучително горд што луѓето од Мадја Прадеш успешно засадија 66 милиони млади фиданки денес - изјави тој.

Целта на ова масовно засадување е да се подигне свеста за планот „Да се направи Индија повторно зелена“. На конференцијата за климата во Париз, Индија вети дека ќе го зголеми шумското покривање на 95 милиони хектари до 2030 година, вложувајќи 6,2 милијарди американски долари во проектот.

- Им должам на сите што денес засадија дрвја. Значително придонесуваме во зачувувањето на природата. Со учество во засадувањето луѓето придонесуваат за намалување на климатските промени и зачувување на животната средина - рече Коујан.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот