Во четврток, на 23.04.2015 година, пред Медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“, средношколците од Битола повторно ќе маршираат. Тие апелираат до сите ученици, родители, наставници и студенти да им дадат поддршка и уште еднаш да кажат не на реформите кои ги направија експериментални глувци.
Со маршот студентите сакаат да укажат дека не може нивното знаење да се покаже преку тест со 30 прашања, дека не дозволуваат да си играат со нивната иднина, дека екстерното не го подобрува образовниот процес и дека време е ученикот да започне да учествува во донесување одлуки за неговата иднина.
Во четврток ќе маршираат и учениците од Скопје - за нив ова ќе биде трет марш со надеж дека надлежните нема да останат глуви на нивните барања.