X
 27.02.2015 Наука

Како Нострадамус ја предвидувал иднината?

Хемичарот и аптекар Мишел де Нотрдам живеел во доста тешка ера, кога започнал да ги добива визиите. Во тоа време, гледањето во иднината се сметало за вештерство.

Тој ги маскирал неговите визии пишувајќи поезија во четири стихови, во кои тој ја криел иднината доста внимателно за да не се разбере што пишува, се` додека работите не се случеле. Неколку векови после неговата смрт, се покажало дека овој човек предвидел многу големи работи - од пожарот во Чикаго во 1871 година, се` до подемот на Хитлер во 1930 година. Она што останува мистерија е изворот на неговите визии како и неговата способност да ја предвиди иднината толку точно.

Иако постојат бројни предвидувања на Нострадамус кои можат да се најдат низ интернетот, некои од нив се доста поинтересни од другите. Како на пример, Нострадамус го предвидел големиот Наполеон?

„PAU, NAY, LORON ќе биде повеќе оган отколку крв, да се плива во величење, големиот да лета во слава. Ќе одбие влез на Пиусите, грешните и Дурансите ќе ги стави во затвор.

Pau, Nau и Loron се три градови во Франција, а се верува дека со големите букви на градовите тој покажува дека нешто се крие во зборовите. Доколку ги преуредите зборовите, добивате NAPAULON ROY или Наполеон, кралот на Французите.

„Ќе дојде да патува на аголот на Луна, кадешто ќе биде фатен и ставен во непозната земја, Незрелите плодови ќе бидат предмет на голем скандал, вина, до еден, големи пофалби“.

Со овие стихови тој мисли на астронаутите кои патуваат на месечината, Луна. Нострадамус ја користи фразата „the Eagle“, како алузија на Америка. Случајност или не, бродот кој слетал на месечината бил наречен „the Eagle“.

Научно, визиите на Нострадамус можат да бидат објаснети со нулта точка енергија, различна димензија од онаа за која ние не знаеме денес; секако теориите во врска со предвидувањата и визиите на Нострадамус се бројни; иако според голем број луѓе неговите визии се чиста среќа или случајност, некои од нив се вистинска мистерија.

Истражувачите денес веруваат дека се` и секого се поврзува преку полето на нулта точка, кадешто се чува колекција на електрични полнежи  од секоја мисла, акција и случај во минатото, сегашноста и иднината. Полето на нулта точка се заснова на теоријата дека вселената зафаќа повеќе од три просторни димензии.

Многу древни култури во минатото, опишувале „космичко добро“ на знаењето до кое имаат пристап само некои луѓе. Научниците како Тесла тврделе дека универзумот е прекрасно место со огромно знаење во кое буквално можете да потоните; според Тесла, сите работи се поврзани, и мислите, и чувствата и моментите.

Документарниот филм подолу пошироко објаснува за мистериозниот јасновидец Нострадамус.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука