X
 08.03.2015 Образование

Вклучувањето на студентите приоритет за образованието од страна на ОН


УНЕСКО ја одржа регионалната конференција за образованието по 2015 година на 19 и 20 февруари. Европската студентска унија присуствуваше на состанокот и ја претстави идејата за вклучување на учениците и студентите. Оваа идеја беше добро прифатена.

„Знаеме дека учеството на децата, студентите и младите луѓе во водењето на образованието може да помогне во развивање вештини како решавање проблеми, критичко размислување, донесување одлуки и зајакнување на способностите за комуникација кои се потребни за ефективно учество во општеството.

Се посветуваме на зајакнување на постоечките процеси во водењето на образованието во формален и неформален контекст и грижа за активно вклучување на децата, студентите и младите луѓе, родителите, семејствата и општествата и работа со нив за набљудување на квалитетот на образованието“ - пишува во планот за образованието по 2015 на Обединетите нации.

Еден од најголемите приоритети на организациите присутни на состанокот било вклучување на одредени наставници, но оваа идеја не била прифатена од сите земји. Моментално се работи на конечната верзија на планот за образованието по 2015 година во Њујорк.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование