„Holmes Cryptic Cipher“ е одлична апликација за сите љубители на кодовите и детективските игри.
Играта е достапна и за Android и за iOS уреди, а целта е да ја дешифрирате пораката лизгајќи една буква до друга. Доколку згрешите постои undo копче кое ќе ве врати во првобитната состојба.
Како што ја играте играта, така нивоата се се` потешки. Првите нивоа се достапни во бесплатната верзија на играта, меѓутоа за да ги играте другите нивоа треба да ја купите играта.
Откако конечно ќе решите една загатка, ќе ви се појави краток извадок до „Авантурите на Шерлок Холмс“. Во овој случај првите четири зборови се You are all wrong, почетокот на извадокот од „Палецот на инженерот“.