X
 24.01.2019 Технологија

„Гугл Мапс“ има одлични вести за возачите, еве за што станува збор

„Гугл“ воведува поддршка за ограничување на брзината и полициски радари во рамките на својата апликација за навигација „Гугл Мапс“. Функцијата за брзината на возењето ќе ви го покаже ограничувањето на брзината на автопатот по кој се движите, а ќе биде запишано на долниот лев дел од екранот. Од друга страна, радарите ќе бидат прикажани со мала икона со камера што ќе можете да ја видите на самата мапа.

Исто така, „Гугл Мапс“ на корисникот ќе му даде звучно предупредување кога возилото ќе му се приближува на радарот. Компанијата ја пробала оваа функција во Сан Франциско и во Рио де Жанеиро. Функцијата ќе се прошири низ другите градови на САД, што значи дека речиси сите жители на САД ќе можат полесно да ги избегнат радарите. Ограничувањето на брзината може да се користи во Англија, Данска, а наскоро функцијата ќе пристигне и во Австралија, Бразил, Канада, Индонезија, Мексико и во Русија.

Што се однесува до земјите на Балканот, ќе мора да почекаат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија