X
 12.03.2016 Живот

Децата сакаат родителите да го почитуваат нивниот онлајн идентитет

Неодамна, универзитетските истражувачи побараа од децата и родителите да ги опишат правилата кои семејствата им ги поставуваат, а се поврзани со технологијата.

 

деца


Во повеќето случаи децата и родителите се согласуваат - да не се пишуваат пораки додека се вози, да не си онлајн кога некој сака да разговара со тебе. Но, постои едно изненадувачко правило кое децата го кажаа, а родителите поретко го споменаа: не пишувај ништо за мене на социјалните мрежи, без да ме прашаш.

Како на пример, децата не сакаат фотографии од нив додека спијат на задното седиште од автомобилот. Исто така, тие не сакаат постови за нивната фрустрација со домашните работи. Не сакаат ниту фотографии од победата после фудбалскиот натпревар.

Алексис Хиникер, дипломиран студент на одделот за човечки центриран дизајн и инженеринг на Универзитетот во Вашингтон, го предводела ова истражување заедно со научниците од Универзитетот во Мичиген. Тие проучувале 249 парови на родители и деца преку 40 држави и открија дека децата на возраст од 10 и 17 години биле навистина загрижени за начинот на кој нивните родители ги споделувале нивниот живот онлајн, а нивните родители биле помалку загрижени. Околу три пати повеќе децата сметале дека треба да постојат правила за тоа што родителите споделуваат на социјалните медиуми.

Социјалните медиуми како Фејсбук и Инстаграм се места кадешто родителите поставуваат фотографии од нивните новородени деца после само еден час од нивното раѓање, а некои родители самите им прават профили на нивните деца - и често споделуваат фотографии и вести за семејството и често ги фотографираат своите деца.

Со првите бебиња на Фејсбук (нешто што започна во 2004 година), семејствата започнуваат да го истражуваат прашањето како децата се чувствуваат за дигиталните записи уште од нивните најрани години. Но, како што вели истражувањето, повеќе од јасно е дека децата ќе пораснат во тинејџери и возрасни кои ќе сакаат да ги контролираат своите дигитални идентитети.

„Како што овие деца растат, тие ќе ги гледаат овие дигитални стапалки оставени од нивното детство“, вели Стејси Стајнберг, професор по правни вештини и помошник директор на Центарот за деца и семејства при Универзитетот во ФЛорида. „Иако повеќето од нив ќе бидат во ред со сето тоа, некои од нив може да не се согласуваат со тоа“.

Некои деца и тинејџери имаат проблеми со минатото и сегашното споделување. „Не сакам кога моите родители ставаат фотографии од мене на нивните профили, особено откако дознав дека некои од моите пријатели ги следат. Особено ме загрижува татко ми затоа што не прашува дали може да постира работи, па затоа постојано го прашувам дали ќе постира нешто. Или пак, подоцна дознавам бидејќи моите пријатели дознаваат нешто за мене преку неговиот Инстаграм профил, па јас морам да му велам да го избрише“, вели Мејси Хофман, 14 годишно девојче кое живее во Менхетен.

15 годишната Изабела Аихо, вели: „Дефинитивно познавам луѓе кои имаат родители што постојано постираат работи за нив кои тие не сакаат да ги постираат. Имам соученичка во мојот клас чија мајка отворила YouTube профил за неа за да покаже како таа пее. Во текот на последните месеци од полугодието, еден соученик започна да ја свири песната која девојчето ја пееше и другите започнаа хистерично да се смеат“, вели таа.

Овие постови од родителите траат, и тоа не само на интернет, туку и во спомените на децата. Токму споделувањето за храната, обуките и бесот се нешта кои можат да бидат од корист за родителите бидејќи се запознаваат со проблемите на другите луѓе и пронаоѓаат решенија за овие проблеми.

Кога родителите постираат вакви проблеми со кои се соочуваат нивните деца, тие не сметаат дека ги изложуваат личните животи на нивните деца, туку нивните сопствени.

„Ќе мора да се пронајде баланс помеѓу правото на родителот да ги споделуваат нивните приказни и правото на родителот да го контролира воспитувањето на своето дете, како и правото на детето на приватност. Родителите често влијаат врз дигиталниот идентитет на детето, не затоа што се злобни, туку затоа што не го земаат во предвид потенцијалниот дофат и долговечноста на дигиталните информации кои ги споделуваат“, вели Стајнберг.

Во принцип, родителите и децата сметаат дека позитивните фотографии, настани и вести се најсоодветни за споделување отколку негативните. Доколку на родителите им е потребен совет, тогаш добро би било тие да не го наведуваат името на нивното дете и фотографијата, и да го стават постот во ограничени пребарувања. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот