Откако почна кампувањето на средношколците наспроти Министерството за образование, денеска тие ќе ја остварат и третата средба со министерот Адеми, пренесува НОВА.
Учениците Александра Филипова, Дејан Рајковски и Огнен Ханџиски се претставниците на Средношколскиот пленум кои ќе одат на средбата, дознава НОВА.
Состанокот е закажан за во 11:30 часот а по вчерашната средба, средношколците велат дека се чувствува позитивна атмосфера за компромис кај надлежните.
Тие се надеваат дека на вчерашната седница министерот Адеми ги претставил нивните барања и очекуваат исходот од денешната средба да биде некакво конкретно решение.
Средношколците се спремни да отстапат од другите барања и да постигнат компормис за враќање на стариот концепт на државна матура и воведување на работна група во изготовка на екстерните тестови од технички и содржаен аспект.