Министерството за образование и наука во целост ги почитува и исполнува одредбите од колективните договори во основното и средното образование кои се склучени со СОНК како важен партнер во унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во државата, пишува во соопштението од МОН.
Оттаму информираат дека по растот на платите на наставниците во септември минатата година, со почетокот на оваа година следува ново зголемување.
- Континуираниот раст на личните примања покажува дека работиме во најдобар интерес на наставниците, а еден од главните приоритети за нас е унапредувањето на нивната положба во општеството. Просветните работници се најважната алка во воспитно–образовниот процес, а нивната мотивираност за работа се одразува врз квалитетот на наставата. Затоа, продолжуваме да работиме на зголемување на нивните права и подобрување на условите за работа - велат од МОН.