X
 29.04.2015 Живот

Времето денес и прогноза за продолжениот викенд што следува



Во Македонија во утринските и раните претпладневни часови ќе биде нестабилно со локални врнежи од дожд. Во претпладневните часови врнежите ќе престануваат. Исклучок ќе бидат западните предели, каде што услови за локални врнежи од дожд ќе има во текот на целиот ден. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринските температури од 4 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 19 степени.

Во Скопје во утринските и раните претпладневни часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а дневната до 16 степени.

Во четврток во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во западните предели ќе постојат услови за локални врнежи од дожд.

Во петок и во недела претежно сончево со локална облачност и релативно топло. Утринските температури од 3 до 15 степени, а дневните ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.

Во сабота ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, но сепак ке имаме повисоки дневни температури кои ќе се движат во интервал од 15 до 24 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот