Во Македонија во вторник претпладне ќе буде умерено облачно со повремено сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и во делови од југозападна Македонија развој на нестабилна облачност која што ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во делови од западна Македонија ќе дува слаб североисточен ветер.
Утринските температури од 9 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 21 до 30 степени.
СКОПЈЕ
Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло, попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 27 степени
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
И во наредните денови ќе биде умерено облачно со локални врнежи од дожд, претежно во попладневните часови.
Во среда умерено облачно со сончеви периоди ќе биде во централните и југоисточните предели. Минималните температури од 9 до 18 степени, а максималните дневни до 23 односно до 32 степени.
Во четврток слаби врнежи од дожд ќе има во североисточните и северозападните предели.
Во петок нестабилно со врнежи од дожд ќе биде над територијата на цела македонија.
Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури од 23 до 32 степени.
Weather4all.com.mk