X
 15.05.2015 Култура

Доказ дека се`уште постојат исклучителни професори!

Професорот Сиднеј Енгелберг од Универзитетот Хибру во Сиднеј е исклучителен професор. Фотографијата на која тој држи бебе додека предава ја заобиколи интернетот, а приказната позади неа е навистина прекрасна.

 

profesor


Имено, предавањата на овој професор кој е од Јужна Африка, ги посетуваат многу постари студенти, особено млади мајки. Самиот професор ги охрабрува и покрај обврските како мајки не треба да се откажуваат од своето образование.

На едно предавање, една студентка одлучила да го земи нејзиното бебе, меѓутоа тоа започнало да плачи. Студентката станала и сакала да го напушти предавањето. Меѓутоа, во тој момент професорот го зел бебето, го смирил и најнормално продолжил со предавањето.

Како што вели неговата ќерка, тој обожава деца.

 

profesor


„Мојот татко навистина ги сака децата, има пет внучиња и за него е најнормално да го земи детето и да го смири за неговата студентка да продолжи да го слуша предавањето“, вели таа.

Ова не е ретка ситуација за овој 67 годишен професор бидејќи на неговите предавања студентките доаѓаат и со новороденчиња.

На професорот не му е јасно зошто фотографијата предизвикала толкав интерес и воодушевување бидејќи смета дека не направил ништо спектакуларно и дека тоа е најнормалната работа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура