Слушањето музика може да ви го направи денот позабавен, но што ако вашите омилени песни станат дел од вашиот работен ден?
Адам Кругер, метеоролог од Хјустон, го откри ова на најдобар можен начин. Тој успешно ги вметнува стиховите од популарните песни во неговите прогнози во живо. Од Тупак до Мајли Сајрус, музичкиот избор на Кругер е навистина импресивен.
За да биде повозбудливо, Круер ги прифаќа барањата за песни од неговите следбеници на „Тик-ток“. Откако ќе се емитува неговата емисија, тој го објавува својот извештај, означувајќи ги фразите што успеал да ги вметне во редовното ажурирање на времето.
Некои од најголемите хитови вметнати во извештајот за времето се „Bohemian Rhapsody“ од „Квин“, „The Real Slim Shady“ од Емимен и „Anti-Hero“ од Тејлор Свифт.
Но, Кругер не се ограничува само на текстови од песни. Исто така, користи цитати од филмови како „Принцезата невеста“, „Злобни девојки“ и други.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Tik-tok