X
 16.05.2015 Култура

Најдобрите моменти од новата книга за Елон Маск

За Елон Маск, основачот на „Тесла“ постојано се пишува бидејќи во светскиот бизнис ретко се среќава толку необичен и инспиративен тип. Маск е визионер, и кога се пишува за него не се пишува само за „Тесла“, „SpaceX“ или парите.

 

елон


Тој е редок спој на фокус и талент и треба да се проучува додека е во полна сила. Книгата на Ешли Ванс го донесува токму тоа, низ откритија и предвидувања кои Елон Маск го прикажуваат како херој. Книгата излегува во петок, а ова се неколку работи кои авторот ги открива.

Секој пат кога во Силиконската долина оди Елон Маск, тој престојува во тајниот стан на Google. Пристап имаат само луѓе со посебни врски во Google, а Маск е близок пријател со Лари Пејџ. Сергеј Брин и Пејџ во тој стан се состануваат со Маск, а станот има комплетна послуга вклучувајќи и готвач кој доаѓа кога е потребен. Станот се наоѓа во една од највисоките згради.

„Интересно е тоа што тој е вистински бездомник. Испраќа меил и вели дека нема каде да преспие и дали може да дојде“, вели Лери Пејџ.

На еден од ваквите состаноци бил и Џорџ Захари, кој вели дека се` се претворило во „брејнсторминг“ за електричен авион кој може вертикално да полета и слета, а ако некогаш направат прототип Пејџ и Брн, ќе имаат заслуга во развојот на идеја која до крајот на вечерта се развила во визија за патнички авион кој постојано кружи околу земјата. Захари го прашал Маск дали мисли сериозно да го направи тоа, а тој наводно имал позитивен одговор.

Авторот на книгата тврди дека токму во тој стан настанале идеите кои веќе се спроведуваат. „Така се рекреираме“, вели Пејџ во интервјуто за книгата. „Забавно е да се зборуваат лудости, и на крај да дојдеме до работи кои стануваат вистински проекти. Поминавме илјадници можности пред да создадеме нешто ветувачко“, вели тој.

Ако Силиконската долина бара херој после смртта на Стив Џобс тогаш го најде во овој иноватор, инженер и претприемач Елон Маск со неговите електрични автомобили, ракети, соларни градови и истражување на вселената. Скоро и да нема сомневање дека Маск ќе остане запомнет како титан на американската индустрија.

 

„Ова не е прва биографија за Елон Маск, ниту пак ќе биде последна, меѓутоа е најбогата досега“, вели Двајт Гарнер. Станува збор за прва биографија во која Маск прифати да соработува со авторот, а да не ја авторизира. Ванс наводно го придобил Маск со својата упорност бидејќи за книгата интервјуирал 200 луѓе. Резултатот на сето тоа ја дава оваа паметна и темелна книга.


Во книгата Маск е прикажан како духовит, ладен тип со стил.

 

mask


Маск позади себе има три бракови, два со иста жена и пет деца. Неговата поранешна сопруга Џастин Маск опишува како се заљубила во него. „Тој е Терминатор. Ќе те погледни со оној поглед кој вели таа ќе биде моја. Ме освојуваше малку по малку, и ме освои малку по малку“, вели таа.

Книгата ги истражува и неговите важни квалитети - интелигенција, преданоста на работа, работната етика и желбата да произведува работи со кои на луѓето им го прави животот подобар. Еден негов поранешенработник вели: „Сите моравме да работиме 20 часови дневно, но тој работеше 23“. Читателите на Ванс се запознаваат со пријателите на Маск. Самиот автор после неколку разговори го прикажува како дистанцирана, ладна личност склона кон жестоки напади на бес, перфекционист од типот на Стив Џобс.

Авторот пишува за Елон Маск како книгата да е за нас и како да сака да не` пробуди. Книгата препорачува дека е неверојатно што се` човек може да постигне кога неговата цел е толку висока и кога ги следи визиите колку и да се чинат необични. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура