X
 17.01.2022 Култура

По четири години „Оскарите“ повторно ќе имаат водител

Организаторите на престжината награда „Оскар“ открија дека овогодишното доделување повторно ќе има официјален водител. Веста на Здружението на телевизиски критичари ја потврди Крег Ервич, претседател на „Хулу“ и Еј-би-си.

Засега не се знае кој ќе биде водител, но во странските медиуми се споменуваат неколку имиња.

Странските медиуми веќе пишуваат дека Академијата го контактирала актерот Том Холанд, познат по улогата на Спајдермен, за да ја преземе улогата на водител на овогодишното доделување на наградите. На новинарско прашање уште во декември, Холанд одговорил потврдно.

- Ако ме прашаат, се разбира дека ќе се согласам. Би требало да биде многу забавно - изјави тогаш Холанд.

Освен него, твитер-корисниците пишуваат дека би сакале да го видат триото од серијата „Само убијци во зградата“, пејачката Селена Гомез и актерите Мартин Шорт и Стив Мартин. Дури и Ервич рече дека триото е потенцијална опција, но дека се разгледуваат многу кандидати.

- Тие се култно трио. Тоа го знаеме затоа што „Само убијци во зградата“ е нашата најгледана комедија досега. Сите ги сакаат, па би биле одлично. Но, размислуваме и за други неверојатни таленти - вели Ервич.

Последен водител на „Оскарите“ беше Џими Кимел во 2018 година, а во таа улога беше двапати по ред. Од 2018 година, па натаму, „Оскарите“ немаат официјален водител. Досега домаќини беа Крис Рок, Били Кристал, Елен Деџенерис, Хју Џекмен, Вупи Голдберг, Нил Патрик Харис и многу други.

Номинациите за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени на 8 февруари, а самото доделување ќе се одржи на 27 март и ќе се емитува на американскиот канал Еј-би-си.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура