X
 12.09.2016 Култура

Најконтроверзната фотографија за време на нападот 9/11 и нејзиното значење

народ

 

Фотографијата на Томас Хепкер била направена на 11 септември 2001 година, за време на нападите на Кулите близначки. Истата предизвикала доста расправии, со што влезе во историјата како една од најконтроверзните во светот.


Таа прикажува група на млади Њујорчани кои разговараат во парк во Бруклин. Позади нив, над прекрасната сина вода и азурното небо се издигнува облак од црн чад. Сето тоа се случува во моментот на најстрашниот терористички напад во историјата на Америка.

И после случувањата прикажани на фотографијата, дебатите во врска со неа не запираат. Самиот автор одлучил да не ја објави во 2001 година, и да ја изостави од книгата во која биле објавени сите фотографии кои го овековечиле ужасот од терористичките напади.

Фотографијата била објавена дури во 2006 година, на пет годишнината од нападите и од тогаш предизвикува контроверзни детали. Критичарот и колумнист за „The New York Times“, Френк Рич вели дека оваа фотографија прикажува колку Американците пропуштиле да ја извлечат пораката од трагедијата од 11 септември, да се променат и реформираат како нација.

„Младите луѓе прикажани на фотографијата не се бездушни, тие се само Американци“.

Со други зборови, во земјата во која сите веруваат во подобро утре на фотографијата се прикажани млади луѓе кои живеат за подобро утре и покрај морничавата сцена во позадина која засекогаш остави лузни кај американскиот народ. Но, ваквото толкување на фотографијата од Френк Рич не наиде на разбирање.

Момчето кое се наоѓа на десната страна на фотографијата, Волтер Сипстер, тврди дека тој и неговата девојка која седи до него, биле всушност во шок поради случувањата кои се одвивале во нивна позадина. Овој пар дури и се пожали дека Хепкер ги фотографирал без тие да знаат и да му дозволат и така погрешно ги прикажал нивните чувства и однесување.

Сега, пет години после објавувањето на фотографијата и 15 години после нејзиното настанување, навистина е бесмислено да се расправа за моралноста на ликовите кои се прикажани, за самиот фотограф или за неговата одлука да не ја објавува фотографијата веднаш после трагедијата.

Фотографијата навистина пренесува моќна порака: сеќавањата за брзо време исчезнуваат, луѓето кои ги гледаме на фотографијата всушност сме ние, а нашите животи после трагедиите продолжуваат. Овој страшен настан му припаѓа на минатото, а не на сегашноста. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура