X
 19.05.2015 Живот

Народ


Секој човек е уникатен примерок на овој свет. Секогаш постојат сличности, разлики, интереси кои ги поврзуваат или оддалечуваат луѓето. Секој човек има свое мислење кое си го цени и со тоа мислење наоѓа свои истомисленици, со кои се обидува да постигне некоја цел. Честопати тоа мислење може и да ги подели луѓето. Поради оваа мислење сме сведоци на многу конфликти кои настануваат помеѓу групи со различен став. Чест пример е етничката поделеност на народот. Македонија е мултиетничка земја која за жал сѐ уште се соочува со проблеми од оваа поделеност на народот, што треба да се искорени еднаш засекогаш. И не треба да обединуваме само кога имаме корист, а потоа да не се познаваме кога ќе се сретнеме на улица, туку треба да сме сложни и во добро и во лошо.

Луѓето кои го менуваат своето мислење се паметни луѓе. Не викам да го промените мислењето кон луѓето со различен став само за да изгледате попаметно, туку ви викам да го погледнете светот и од друга перспектива, да го разгледате и другиот став со критики кои не се екстремни. Тогаш ќе видите дека и тие се борат за нешто како што правите вие.

Како што некои македонци вадат бугарски пасоши, со цел да излезат од државата и да заработат некоја пара за да излезат од бедата. Од истата причина се доселуваат и други народи во Македонија. Замислете вие да отидете да живеете некаде далеку од државата и тамошниот народ да ве гледа како криминалец, убиец, или уште полошо како терорист... да ви судат само по тоа што пренеле медиумите за земјата од каде доаѓате, а што е најлошо да немале никаков личен контакт со вас. Честопати медиумите ствараат своја слика со која сакаат да привлечат поголемо внимание без да водат сметка врз последиците. Како пример е сликата што ја ствараат за блискиот исток. Се прашувам дали знаете некои од убавините на тие земји, или само знаете дека се војува затоа што медиумите ни го пренеселе само тоа? Тоа е затоа што лошите вести побрзо патуваат од добрите вести... Од вас зависи како сакате да ја претставите својата земја и како сакате да ве гледа светот.

Даниел Николов


Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот