X
 17.05.2015 Живот

Меѓуетничкиот соживот во Македонија


Живеам во држава која е многу ситна во споредба со светот. Таа е мала, но токму тоа неа ја прави топла. Благодарение на малите градови ние сите меѓусебно лесно се поврзуваме и сите се знаеме. Постојано се сретнуваме по улица и ги правеме оние стандард муабети, но токму поради нив не се чуствуваме осамено. Некогаш сретнуваш некој што одамна не си го видел, па тоа ти го разубавува денот. Или пак ќе сретнеш некој на кој одамна немаш помислено, па сосема спонтано договараш средба. Понекогаш има и некој со кој не си се запознал, но времето и патот ви се исти па така станувате пријатели, прво онака срамежливо се гледате и по некое време започнувате да се поздравувате.

Спомнав дека токму тоа прави да не се чустуваме осамено. Но и да обрниме внимание на самите себе си. Кои сме? Какви сме? Од каде сме? Како изгледаме? Се прашуваме колкава е нашата вредност како поединец во очите на другите. Застануваме пред огледало и гледаме разлики. Сфаќам дека имам различна боја на кожа од другите. Или пак дека мојата боја на коса не е како повеќето луѓе во мојата околина. Како е можно сите да веруваме во еден Бог, а да го викаме со различни имиња и да веруваме во различни религии чија суштина на крајот е сепак иста. Која е разликата и воопшто како дошло до поимот разлика и зошто тоа да буди несигурност во нас. Зошто униформата е најпосакуваната работа, додека пак уникатоста стана комплекс и несигрност?

Би сакала да знам од каде излегува таа несигурност во нас од една страна да се срамиме кога сме единствени и да напаѓаме некој со причина дека не е како нас, за да се чуствуваме посилни. Ние сме сите родени исти со еднакви потреби, но потоа сами измисливме невидливи граници помеѓу нас и ако живееме сите на исто тло, но како во различни светови. Наместо сите заедно да живееме во целина, многу често се случува да има предрасуди и стереотипи со кој се осудува еден цел народ врз основа на една случка или еден припадник на тој народ. Која е логиката во тоа еден човек или некоја случајност да обележи цел народ со карактеристика која потоа го следи од самото раѓање, низ клупите во училиштето, во текот на кариерата па сѐ до самиот крај. Но од друга страна која е ѝ таа сила која наеднаш ги сменува симпатиите на останатите во општеството кон тој народ. Зошто човекот се нарекува индивидуалц, кога е тешко да се биде индивидуа?

Кога би се запрашала јас како индивидуалец за мое мислење, можам да кажам дека сите ние сме исти. И ако светот има четири страни, ние сите се движеме по многу повеќе различни правци па така се мешаме. Од моето досегашно искусво сфатив дека колку повеќе ги проширувам своите хоризонти, ја сфаќам важноста на личниот печат и уникатноста, но и на важноста да не забораваме од каде доаѓаме, но за да се гордееме со потеклото, а не да се срамиме. Мојот круг на пријатели се состои од извонредни личности кои припаѓаат на различни религии и националности, но единствена разлика присутна меѓу нас е семејната традиција која на сите нас ни е златна огрлица околу нашите срца кована од нашите предци. Онака како што го почитувам и сакам моето семејство, бескрајно го почитувам и сакам семејството и потеклото на мојот другар и ако доаѓа од далечен крај. Разликите кај нас може само да разбудат интерес подобро да се запознаееме еден со друг, без никакви стереотипи зато што наште срца се топли исто како нашата малечка земја.

Мелита Поп-Антоска


Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот