X
 17.05.2015 Живот

Сеќавања за меѓуетничкиот соживот


Историскиот процес и сите негови случувања, придонеле Македонија денес со право да биде нарекувана мултиеничка држава. И тоа се разбира е присутно во поголем број градови во неа. Меѓутоа, најавтентичниот пример, каде што религиите се сплотиле како едно е градот на мостовите, Струга.

Можноста да се забележи сплотеноста на повеќе религии и етникуми на едно место, ја прави Струга вистински, уникатен и светски пример како различностите можат да се заобиколат и соединат. Секако за тоа говорат и безбројните примери во разчичните сфери на струшкото општество.

Првично започнувајќи со образованието, Струга е вистинскиот пример како повеќето етникуми можат да биде одличен предуслов за подобро и поквалитетно образование во една животна средина. Средношколските смени, исполнети со пубертетски жагор и смеа, споделувањето на импресии од часовите и предавањата го подобруваат секој момент поминат момент во нашиот едукативен комплекс. Ме расположуваше и мене, деодека го пешачев истиот пат на мултиетничко средно образование, кој сите средношколци со радост го поминуваат. Големите одмори претставуваа место каде што секој дознаваше нешто повеќе за другиот, сфаќајќи дека сите сме исти. Враќајќи се сега назад кон времето, спомените, со право можам да кажам дека тие денови ми помогнаа да созреам како личност и да ја најдам моменталната студентска пасија.

Струга, апсолутно како никој град до сега, може да се пофали со мултиетнички спортски екипи.колку само осознав повече за исламот како религија и за секојдневниот живот на турксите и албанските семејства во тие напорни и долги возења, колку индивидуавата се знае себе си и колку уште подобро го знае другиот до него. Пополека но сигурно, сфаќаш колку е се слично, се’ залага за исто и шири еднаквост и љубов.

Културата е на сосема поинакво ниво. Поголем дел од луѓето знаат да дадат почит кон другите за време на големите празници, каде што со помош на денешните социјални мрежи го споделуваат тоа, за светот да може да види и излезе од ограниченоста.

А отсјајот на езерото и понатаму ќе продолжува да не потсетува за славното и големото минато на градот, каде што слогата и човечноста ги надвладеале стереотипите на глобалната мисла за меѓуетничкиот соживот насекаде, па дури и за една мала држава како што е Македонија.

Христијан Цветковски


Објавувањето колумни од надворешни автори е одраз на намерата „Факултети.мк“ да биде влијателен глас на студентите и младите луѓе. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Факултети.мк“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот