X
 20.05.2015 Живот

За оние кои мразат официјални костуми


„Лажниот“ костум веројатно е решението кое го бараа мажите ширум светот кои имаат маки кога ќе помислат на кошулата, машната, костумот. Генијалниот изум бил тестиран од Грег Ференштајн, блогер од Сан Франциско. Како го тестирал? Едноставно, тој го носел својот лажен костум на работа цела седмица и никој од колегите не го открил.

Костумот на Ференштајн овозможува да „се помине“ како професионалец во официјален костум без притоа да се чувствувате неудобно. Овој костум чини приближно 340 долари, а идејата е спроведена со помош на „Бетабренд“ од Силициумската долина.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот