X
 27.10.2020 Наука

Нова бела боја може да се користи како бесплатен климатизер

На светот во моментов му треба ладење, со оглед на тоа што стигнавме до речиси непоправлива точка во глобалното затоплување. Нова бела боја направена од инженери на Универзитетот „Пурду“ може да помогне.

Бојата рефлектира 95,5% од сончевата светлина и може да ја одржува температурата на површините до 7 Целзиусови степени пониска отколку во околината. Џозеф Пиплс, еден од авторите на истражувањето за бојата, објаснува дека бојата функционира како бесплатен климатизер со тоа што ја одбива сончевата светлина.


Истражувачите работеле на бојата повеќе години, а за нејзиното создавање биле потребни многу тестирања. Главната состојка на бојата е калциум карбонат, соединение што се наоѓа во кредата или варовникот.

Истражувачите очекуваат бојата да се нанесува на куќите, покривите, автомобилите, па дури и на патиштата. Бојата може да ја намали потребата за климатизација во зградите.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Фото: Purdue
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука