X
 22.09.2020 Технологија

Британски студенти направија уред со кој се намалува загадувањето од автомобилските гуми

Сите знаеме дека гумите на автомобилите се трошат, но дали некогаш сте размислиле каде одат сите тие честички?

Загадувањето од абењето на гумите може да биде 1.000 пати полошо од загадувањето од издувните гасови на автомобилите. Група британски студенти создале уред кој се прицврстува на гумата на автомобилот, а го намалува загадувањето предизвикано од абењето на гумите.


Фото: YouTube

Во Европа секоја година се создаваат половина милион тони микропластика од абењето на гумите. Иновативниот уред наречен „Тајр колектив“ отстранува 60% од честичките што се создаваат со трошењето на гумите на патиштата.

Уредот неодамна ја доби престижната британска награда „Џејмс Дајсон“ за натпревар за дизајн.


Автор: Долорес Катанич
Извор: euronews.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија