X
 22.05.2015 Живот

Најголемиот хотел во светот со 10.000 соби

Најголемиот хотел во светот се гради во Мека во Саудиска Арабија, а импресивната градба која ќе биде изградена во пустина, ќе има 10.000 соби сместени во 12 кули, 70 ресорани, хелиодромови и конгресен центар.

 

хотел


Монументалната градба која би требало да биде завршена до 2017 година, би требало да изгледа како пустинска тврдина. После изградбата ќе ја понесе титулата најголемиот хотел во светот, која моментално ја држат два хотели - „The Venetian“ и „The Palazzo“ кои се наоѓаат во Лас Вегас и имаат 7.117 соби.

Проектот ќе чини 3.5 милијарди долари, кулата ќе има 44 спратови, а две кули од хотелот на своите гости ќе им нуди сместување со 5 ѕвезди, додека останатите десет кули ќе имаат соби со 4 ѕвезди. Хотелот е дело на архитектонското студио „Dar Al – Handasah“, а за ентериерот е задолжено лоноднското студио „Areen Hospitality“ кое се очекува да биде усогласено со раскошниот стил на другите хотели во регионот.

 

хотел 2

3


Овој хотел, не е единствен планиран за изградба во Мека. За следната година Хилтон планира отворање на хотелот „Conrad Makkah“ кој ќе биде прв во оваа земја.

 

хотел 4

хотел 5

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот