Од наредната пролет заинтересираните туристи ќе можат да поминат една ноќ во Версајскиот дворец.
Уште во 2015 година управата на Версајскиот дворец најави дека бара надворешен партнер кој три згради од дворецот ќе ги претвори во сместување за гостите. Палатата го најде партнерот „Ерлес“, луксузна угостителска група со уште три хотели во Франција.
Хотелот во рамките на Версајскиот дворец ќе се нарекува „Ле Гран контрол“. Ќе биде отворен во 2020 година, а неговите гости ќе имаат феноменален поглед на околните градини и музеј.
Хотелот ќе им понуди на гостите 14 соби полни со историја и автентични елементи. Тука се и ресторанот на познатиот готвач Ален Дикаса, базен и велнес-центар.
Засега не се познати повеќе детали за
хотелот, но за внатрешниот дизајн е надлежен архитектот Кристоф Толемер, па посетителите може да очекуваат раскошни детали.